logo
logo
logo

Папата го прогласи Антони Гауди за преподобен: Ќе стане ли светец?

Vecer | 14.04.2025

Папата го прогласи Антони Гауди за преподобен: Ќе стане ли светец?

Папата Франциско денеска го прогласи архитектот на култната катедрала Саграда Фамилија во Барселона, Антони Гауди за „почитуван“ поради неговите „херојски доблести“, што е прв чекор на патот да стане римокатолички светец, пренесе Анса.

Гауди, кој почина откако го удри трамвај во 1926 година на 74-годишна возраст, го дизајнираше модернистичкото ремек-дело „Саграда фамилија“ во 1883 година, а по Првата светска војна ја посвети целата своја енергија на неговата изградба, поминувајќи ги последните години од животот во католичка посветеност.

Канонизацијата на Гауди беше иницирана од надбискупијата на Барселона во 1998 година, а такво барање беше испратено до Ватикан во 2003 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk