logo
logo
logo

Вистинските коњи одат во пензија? Џиха, Џиха, Kawasaki робот (ВИДЕО)

Vecer | 08.04.2025

Вистинските коњи одат во пензија? Џиха, Џиха, Kawasaki робот (ВИДЕО)

Иако хуманоидните роботи често се во центарот на вниманието, не заостануваат оние слични на животните. По роботот Spot кој наликува на куче, сега имаме еден кој личи на коњ (иако не навистина), и се однесува како него.

Четириножниот робот Spot на Boston Dynamics на многумина им изгледаше дистописки (особено бидејќи во една епизода на Black Mirror беа прикажани речиси идентични роботи убијци), па речиси е сигурно дека тие ќе се чувствуваат исто кога ќе видат реклама во која луѓето јаваат робот кој претставува механичка верзија на коњ.

Зад овој малку бизарен концепт стои Kawasaki Heavy Industries, а роботот се вика Корлео.

Коњот робот работи со помош на водороден мотор од 150 кубици, а на многумина повеќе им личи на џиновски волк отколку на јавачко животно.

Совршено ги контролира сложените терени, бидејќи секој екстремитет може да се движи посебно.

И покрај тоа, видео рекламата е создадена со помош на CGI технологијата, и покажува што би можел еден ден да направи еден робот.

Погледнете го видеото:

Така што не е сигурно дека Корлео некогаш ќе галопира низ светот, особено не како што е прикажано на видеото на Osaka Kansai Expo 2025.

Некои мислеа дека тоа е првоаприлска шега, што донекаде е точно - Корлео е сепак само фикција, но видеото не е лага - се работи на коњот.

Ова нема да биде првиот робот за возење - Xiaopeng Motors веќе воведе еднорог за деца, а имаше и други идеи. Значи се е можно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk