Британскиот премиер Кир Стармер денеска ги повика компаниите на социјалните мрежи како Икс (X), Гугл (Google), ТикТок (TikTok) и Мета (Meta) да преземат одговорност и да ја зајакнат безбедноста на децата кои ги користат овие платформи.
„Социјалните мрежи го обликуваат начинот на кој децата се гледаат себеси, своите пријателства и светот околу нив. Кога тоа доаѓа со реални ризици, гледањето на другата страна не е опција. Ќе ги преземам сите неопходни чекори за децата да бидат безбедни на мрежата. Денешниот повик е за да се осигуриме дека компаниите за социјални медиуми ќе се ангажираат и ќе преземат одговорност“, изјави Стармер, пренесува Ројтерс.
Британската влада веќе воведе мерки за заштита, како што е оневозможување на автоматското пуштање видеа (auto-play) на Јутјуб за деца и давање поголема контрола на родителите врз времето поминато пред екраните, вклучувајќи и „полициски час“. Следниот месец се очекува конечната одлука за мерката со која би се забранило користењето на социјалните мрежи за лица помлади од 16 години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата