logo
logo
logo

Мирисот на здивот ја открива состојбата на вашите органи

Устата ви мириса на РАСИПАНИ ЈАЈЦА ИЛИ МРТВА РИБА

Vecer | 04.08.2025

Устата ви мириса на РАСИПАНИ ЈАЈЦА ИЛИ МРТВА РИБА

Истражувањата покажуваат дека здивот може да открие посериозни здравствени проблеми дури и пред да се појават други симптоми.

Експертите предупредуваат дека лошиот здив (халитоза) не е секогаш резултат на лоша орална хигиена или премногу кафе.

Денталниот технолог Ален Занг истакнува дека постојат пет вида лош здив што луѓето често ги занемаруваат, а кои можат да укажуваат на одредени болести:

Мирис на овошје или ацетон

Може да укажува на слабо контролиран дијабетес. Таквиот здив е резултат на присуството на кетони во крвта, кои можат да создадат мирис сличен на бонбони, круши или дури и средство за отстранување лак за нокти.

Метален мирис

Може да биде знак на проблеми со бубрезите или изложеност на тешки метали. Кога бубрезите не ги исфрлаат правилно токсините, уреата може да се акумулира во телото, која во контакт со плунката создава амонијак, а здивот може да има метален вкус.

Мирис на риба

Може да укажува на метаболичко нарушување наречено триметиламинурија, каде што телото не може да разгради супстанца што мириса на скапана риба. Исто така, може да биде знак за откажување на црниот дроб, особено состојба позната како fetor hepaticus („здив на мртвите“), кога црниот дроб не успева да ги филтрира токсините од крвта.

Мирис на расипани јајца

Може да укажува на проблеми со варењето. Предизвикан е од водород сулфид, гас што се произведува за време на варењето на храната.

Mирис на мувла

Може да значи проблеми со бубрезите или откажување на црниот дроб. Г-дин Жанг истакнува дека ова не се само хигиенски проблеми, туку потенцијални дијагностички индикатори за болест. Тој е основач на компанија која развива технологија за рано откривање на болести со помош на анализа на здивот, пишува Dailymail.

Други причини за лош здив вклучуваат:

Лоша орална хигиена

Најчеста причина себ актериите на јазикот, непцата и помеѓу забите можат да создадат непријатни мириси и да предизвикаат расипување на забите и заболување на непцата.

Храна и пијалоци

Кромидот, лукот, зачините, кафето и алкохолот можат привремено да предизвикаат лош здив.

Пушење

Придонесува за лош здив, ги оштетува непцата, забите и го намалува чувството за вкус.

Строги диети и постење

Диетата со малку јаглехидрати или постењето може да предизвикаат мирис на кетони во здивот.

Лекови

Нитратите, некои хемотерапевтски лекови и одредени седативи може да предизвикаат лош здив. Лекарот може да препорача промена на лековите ако тоа е причината.

Здравствени состојби

Сува уста, инфекции на устата и носот, рефлукс на киселина (ГЕРБ), дијабетес, инфекции на белите дробови и бактерии како H pylori, сите можат да предизвикаат лош здив.

Конечно, некои луѓе веруваат дека имаат лош здив кога всушност немаат, оваа состојба се нарекува халитофобија и е психолошко нарушување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk