Тринаесетгодишното момче Џуд го преживеало невремето само благодарение на неговиот татко, кој во последен момент смислил како да го спаси, објави Дејли Меил.
Таткото го ставил момчето врз преносливиот фрижидер што го имале на бродот и го турнал кон брегот. Додека Џуд се оддалечувал од чамецот, го гледал татко му како се дави, заедно со некои други членови на семејството, но воопшто не можел да му помогне.
"Му се молев на Исус Христос да излезе жив и повторно да го видам моето семејство. Беше ужасно да го гледам татко ми како се дави. Врескав и плачев, но не можев да дојдам до него", изјавил Џуд.
Другите членови на семејството, кои останале на брегот, веднаш ја алармирале крајбрежната стража. Спасувачката екипа го барала чамецот до следното утро. Пронајдени се две тела, меѓу кои и братучедот на Џуд (17). Останатите членови се уште не се пронајдени. За Џуд сега се грижат роднини во Сан Хозе.
„Добро е што се вратив во моето семејство, кое е со мене и ми помага да преживеам тоа што повеќе немам татко“, рече Џуд.
@nbcbayarea 1 dead after boat capsizes in ocean near #BodegaBay • #BayArea #SonomaCounty ♬ original sound - NBC Bay Area
Двајца роднини упатија апел преку платформата Gofundme да се соберат пари за семејството. Целната сума од 47.000 евра веќе е собрана.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата