logo
logo
logo

Апликацијата „Сигнал“ ја зајакнува приватноста

Vecer | 26.02.2024

Апликацијата „Сигнал“ ја зајакнува приватноста

Американската компанија „Сигнал“, позната по истоимената програма за дигитална комуникација, воведува дополнителни мерки за заштита на приватноста на корисниците, така што тие во иднина ќе може да употребуваат кориснички имиња наместо своите телефонски броеви за контакт.

„Вашиот телефонски број веќе нема да биде видлив за сите луѓе на апликацијата 'Сигнал'. Ќе може да контактирате со кого било без да го споделите бројот, и да контролирате кој може да Ве најде на апликацијата“, соопшти компанијата на својата страница.

Тоа значи, ако направите корисничко име, тоа ќе биде невидливо на профилот. Луѓето на кои им испраќате пораки во апликацијата исто така не можат да го видат или најдат корисничкото име, освен ако не го споделите со нив. Клиентите може да создадат корисничко име преку поставките на нивните профили и тоа мора да содржи два или повеќе бројки на крајот.

Опцијата за кориснички имиња во мигов е достапна во бета-верзијата, а ќе биде достапна и за сите корисници наредниве седмици. За „Сигнал“ засега сѐ уште е потребен телефонскиот број кога корисникот се регистрира на апликацијата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk