logo
logo
logo

ЌЕ “ПАЃА“ ЛИ КРУНАТА НА ВТОРАТА ДАМА НА САД. Развод? “Не носам бурма бидејќи перам садови“

Vecer | 07.12.2025

ЌЕ “ПАЃА“ ЛИ КРУНАТА НА ВТОРАТА ДАМА НА САД. Развод? “Не носам бурма бидејќи перам садови“

Гласините за разводот на потпретседателот на Америка, Џеј Ди Венс, се сè почести, а дополнително се разгореа откако неговата сопруга беше видена во јавност без венчалниот прстен.

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, е на работ на развод, објавуваат сите светски медиуми. Гласините за брачна криза дополнително се разгореа кога неговата сопруга, Уша Венс, беше видена без венчалниот прстен, објавува Yahoo.com.

Како што пишува понатаму овој портал, Уша се обидела да негира сè преку своите претставници во медиумите, па го објаснила својот изглед без венчален прстен велејќи дека често заборава да го врати прстенот бидејќи „таа е мајка на три деца која постојано ги мие садовите“.

Со оглед на гласините, самиот потпретседател решил да проговори и да стави крај на шпекулациите. Џеј Ди Венс даде интервју за NBC News во кое истакна дека неговиот брак е посилен од кога било.

Како и со сè во животот, со доброто добиваш и лошо. Прифаќаш дека има одредени жртви, но и многу добри работи што доаѓаат со тоа. Но, нашиот брак е посилен од кога било, и мислам дека Уша влезе во сето ова навистина убаво, и навистина е интересно да се види како се развива и се менува во оваа нова улога“, рече тој.

Ванс, исто така, раскажа неодамнешна ситуација од пред неколку дена, кога тој и неговата сопруга брзаа кон Белата куќа пред втората дама да замине на друг настан со Меланија Трамп. Кога влезе во автомобилот, Уша Венс сфати дека повторно ги заборавила прстените откако се истуширала.

Таа рече: „Ако не одам да ги земам сега, некој луд човек повторно ќе зборува за тоа на социјалните мрежи“. А јас реков: „Пушти ги. Не вреди да се враќам горе за тоа. Значи, всушност малку се забавуваме со тоа. А целата работа со социјалните мрежи беше прилично смешна“, рече Венс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk