logo
logo
logo

(Видео) ЕКСПЛОЗИЈА НА КЕЈП КАНАВЕРАЛ - Ракета на Џеф Безос експлодираше за време на тестирање

Vecer | 29.05.2026

(Видео) ЕКСПЛОЗИЈА НА КЕЈП КАНАВЕРАЛ - Ракета на Џеф Безос експлодираше за време на тестирање

Ракетниот систем „Њу Глен“ на американската вселенска компанија „Блу Ориџин“, која е во сопственост на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, доживеа тешка несреќа откако експлодираше на самата лансирна рампа. Инцидентот се случи во вселенската база Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида, а од компанијата потврдија дека за среќа нема повредени лица.

Експлозијата се случила за време на изведување на таканаречениот „хот-фајр“ тест. Ова е стандардна процедура на проверка која се изведува на земја, при што моторите на ракетата се активираат под полна пареа додека самата летала е цврсто прицврстена за лансирната платформа.

Сопственикот на компанијата, милијардерот Џеф Безос, се огласи преку социјалната мрежа Х за да ја смири јавноста. Тој потенцираше дека сите вработени во базата се на безбедно и додаде дека во моментов е премногу рано да се зборува за точните причини кои довеле до оваа сериозна хаварија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk