logo
logo
logo

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Vecer | 10.07.2024

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Температурата синоќа беше 30 степени во Дубровник, 29 степени во Сплит, а 28 степени во Риека. Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони Осиек, Карловац и Госпиќ немаат издадено предупредување за екстремно високи температури.

Во сите земји од регионот е издадено предупредување за многу висок УВ индекс.

Во Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина денеска се очекува температурите да достигнат до 39 Целзиусови степени, а во сила е портокалово предупредување. На повеќе места се очекува и тропска ноќ бидејќи минималната температура ќе се задржи над 20 степени.

„Преземете нешто, се очекуваат екстремно високи температури. Заштитете се себеси, децата и постарите лица. Постапувајте според советите издадени од надлежните органи“, предупредија метеоролозите.

Во Црна Гора ќе биде сончево и многу топло, а прогнозираната температура до 39 степени, во Подгорица дури 40 степени Морето ќе биде брановидно, а температурата ќе биде 25 степени.

Во Косово и денеска ќе се задржат високи температури до 36 степени, а здравствените власти предупредуваат да не се излегува на отворено во периодот од 10 до 16 часот и препорачуваат лесна облека, избегнување тешка храна и хидратација.

Исклучително топло време ќе се задржи и во Македонија, а метеоролозите најавија дожд со грмежи и град за крајот на денот во западниот дел од земјата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk