Тие се подготвени да ги ризикуваат сопствените животи во опасни ситуации, што е напишано во многу литературни дела или прикажани во филмови, пренесува Times Now News.
Денешната приказна е за човек кој решил да го извлече од неволја својот четириножен пријател. Дива мечка нападна врзано куче, а потоа во приказната се вмеша и сопственикот.
Ризикувајќи си го животот, човекот се втурнал кон ѕверот, го повлекол синџирот со кој било врзано кучето, а потоа посегнал по дрвена даска. Ова очигледно ја збунило и исплашило мечката, па таа се повлекла.
Видеото трае 10 секунди, што е сосема доволно за да се прикаже драмата, а брзо стана вирално на мрежите. Многу гледачи оставија коментари.
„Очигледно, човекот знаел да ја избрка мечката. Изгледа ваква ситуација се има случено и порано“, напишало едно лице, а друго продолжи: „Можеби требало да го одврзат кучето и заедно да се засолнат“.
Поединци верувале дека човекот имал среќа бидејќи не наишол на возрасна мечка, но дека секако покажал голема храброст.
Man protect a dog from bear attack 😨 pic.twitter.com/u2NnYMJ6pn
— Nature is Amazing ☘️ (@AMAZlNGNATURE) December 20, 2024
Не е откриено каде се случил инцидентот, иако повеќето корисници ја споменуваат внатрешноста на Турција. Некои мислат дека кучето е овчар Кангал, а противник му е сириска кафеава мечка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата