logo
logo
logo

ЗАЛУТАНА МАЧКА присуствуваше на прес-конференција во БЕЛАТА КУЌА

Vecer | 19.04.2025

ЗАЛУТАНА МАЧКА присуствуваше на прес-конференција во БЕЛАТА КУЌА

ВАШИНГТОН: Сива мачка со ремче и плочка со име на која пишува „Софи“ залута во градината на Белата куќа.

Откако мачката во петокот наутро талкаше низ северниот тревник на претседателската резиденција на САД, новинарите ја зедоа и ја однесоа во прес-салата.

Со помош на персоналот во Белата куќа, пронајден е сопственикот на мачката, кој потоа дошол да ја земе Софи, јавува Асошиетед прес. Според американските медиуми, зеленооката мачка дури накратко се појавила во познатата сала за прес-конференции, каде новинарите вообичаено ѝ поставуваат прашања на Керолин Левит, портпаролката на американскиот претседател Доналд Трамп.

Еден од новинарите на социјалната мрежа Х ја сподели веста за мачката во Белата куќа и објасни дека Софи носела ремче кое најверојатно било AirTag, мал уред за следење кој овозможува лоцирање на предмети и домашни миленици преку паметен телефон.

На видеото од инцидентот се гледа како новинарката го држи животното во раце и се шегува дека „можеби има некаков уред за прислушување“. Периметарот околу Белата куќа е една од најстрого чуваните области во светот.

Тајната служба го следи секое движење, а просторот континуирано е обезбеден со камери и заштитни огради. Меѓутоа, неодамна едно момче успеало да се протне низ оградата и незабележано да влезе во просторот на Белата куќа, но обезбедувањето брзо го вратило кај неговите родители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk