Уморни сте од превртување и вртење на креветот, темни кругови под очите и испиена кожа? Веројатно страдате од несоница. Но, добрата вест е дека постои начин да ја ублажите, а тој е скриен во... вашата кујна! Дознајте која храна може да ви помогне полесно да заспиете.
Храна што гарантира подобар сон
Овие продукти, кои најверојатно секогаш ги имате дома, а треба да ги јадете навечер за да ви помогнат да заспиете:
Сладок компир
Слаткиот компир е одличен извор на калиум, магнезиум и калциум, што ќе ви помогне да се опуштите. Исечете на стапчиња, зачинете, испечете и уживајте во здрав помфрит за вечера кој и ќе ве успие, пишува Miss7.
Банани
Тие содржат големи количини на магнезиум и калиум, кои помагаат во опуштањето на мускулите и предизвикувањето на REM спиењето.
Јаткасти плодови
Ако не сакате банани, изедете една шака бадеми како ужина богата со магнезиум пред спиење. Од истата причина, можете да грицкате ф҆стаци, кои се исто така полни со витамин Б6, само не претерувајте.
Млечни производи
Не е прв пат да чуете дека чаша топло млеко ви помага полесно да заспиете. Но, секој млечен производ може да ви помогне во оваа мисија, дури и јогуртот. Калциумот од овие производи ќе му помогне на вашиот мозок да ја активира аминокиселината триптофан, која, заедно со мелатонинот, ќе ви помогне да заспиете.
Зелена салата
Веројатно секогаш ја имате оваа храна во вашиот фрижидер, а ако ја вклучите во вашата вечера, млечниот сок (лактукариум) од него ќе ви помогне да заспиете.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата