Моќните, но едноставни изрази може да им помогнат на децата да се чувствуваат безбедно, сакано и поддржано додека ги споделуваат своите мисли и чувства со мајката и таткото.
- Создавањето безбеден простор каде што вашите деца ќе се чувствуваат ранливи е еден од најважните подароци што може да им ги дадете. Кога децата се чувствуваат доволно безбедно да ги споделат своите најдлабоки мисли и чувства, тие почнуваат да ги развиваат емоционалните вештини потребни за да се соочат со животните предизвици, да градат значајни односи и негување на издржливост, појасни детскиот психолог од Торонто, Канада, андрагог, воспитувачка и мајка, Џејми Блох.
Таа сподели низа претпочитани реченици, совети, изрази и вербални пристапи за поттикнување подобра комуникација со своите деца. Следат примери за постигнување на тој поблизок однос:
1. „Тоа што го чувствува е сосема разбирливо и нормално. Толку сум благодарен што се чувствуваш доволно безбедно и можеш да го споделиш тоа со мене.“
2. „Ние сме во ова заедно. Без суд и покажување со прст, само љубов. Што имаш на ум?"
3. „Не си сам /-а во ова. Не мора да го потискаш тоа во себе. Сакам да слушнам што имаш на ум. Дали си подготвен /-а да зборуваме за тоа?“
4. „Секогаш можеш да бидеш тоа што си, со мене. Јас секогаш ќе те прифатам каков / каква што си.“
5. „Нема брзање. Одвој си време и најди ги вистинските зборови. Тука сум да разговарам секогаш кога ти треба и си подготвен /-а. Запомни, не очекувам секогаш да ги имаш сите одговори."
Сиве овие реченици го истакнуваат разбирањето, почитта и љубовта на родителите кон своето дете. Неизбежно, тоа ја зајакнува меѓусебната доверба и потребната блискост./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата