logo
logo
logo

КОЈ СЕ ЛЕЧИ ОД ФЕЈСБУК Е ОДНАПРЕД БОЛЕН! Никотинските лепенки не лечат рак

Vecer | 04.03.2026

КОЈ СЕ ЛЕЧИ ОД ФЕЈСБУК Е ОДНАПРЕД БОЛЕН! Никотинските лепенки не лечат рак

Фејсбук и Тиј-Ток, а особено Инстаграм кој е популарен кај помладите е извор на секакви информации но, и на опасни дезинформации како што последниве месеци е промоција и рекламирање на фластери со никотин или гуми за џвакање никотин кои служеле за одвокнување од пушење но, никотинот останува во вашето тело.

Реномираниот онколог д-р Милан Ристески предупредува на невистинитоста на содржини во кусите видеа коишто се шират на социјалните мрежи, а се однесуваат на канцерот и наводната лековитост на никотинските лепенки или “специјални“ гуми за џвакање за истата намена.

-Повторна реакција за идиотските рилсови на ФБ – Никотинот лечел рак!

Џабе пријава, ова Мета стана ѓубриште на глупости! Еве ви ја вистината: Никотинот не лечи рак; напротив, ги штити клетките на ракот од смрт, потенцијално намалувајќи ја ефикасноста и на имунотерапијата, таргет терапијата, хемотерапијата и радиотерапијата, а и го стимулира растот на туморот и туморската ангиогенеза – создавањето на туморски крвни садови кои го хранат ракот!

Никотинот ги активира сигналните патишта (PI3K) кои ги штитат клетките на ракот, особено ако има мутација во тој сигнален пат, а во најголемиот дел од туморите има баш таму мутациии – вели д-р Ристески.

-Никотинот го зголемува факторот 1-алфа индуциран од хипоксија (HIF-1), што им помага на клетките на ракот да преживеат во средини со ниско ниво на кислород кои го поттикнуваат туморот.

Никотинот ја спречува апоптозата (програмирана клеточна смрт) кај клетките на ракот на дебелото црево третирани со 5-флуороурацил и иринотекан! Ве молам, бидете внимателни со неконтролираните глупости кои излегуваат на ФБ – стои во реакцијата на д-р Ристески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk