Бик
Месечината во огнениот Лав формира напнат аспект со Јупитер во вашиот знак, што ве прави склони кон претерување во сè, особено на трошење пари. Добриот аспект со Марс во астролошката куќа на страста ви носи средба со харизматична личност. Несоница.
Близнаци
Предизвикувачкиот аспект помеѓу вашиот владетел Меркур и импулсивната Месечина во Лав ве предупредува да внимавате што зборувате и да се согласувате кога станува збор за бизнисот. Нагласеното седмо астрлошко поле, поволно влијае на односот и комуникацијата со саканата личност.
Рак
Вашиот владетел, Месечината, влезе во знакот Лав, во кој „паѓа“ вашето астролошко поле на работа, што ви носи поволни шанси за правење профитабилни аранжмани. Љубовниот партнер забележува дека нешто или некој ви го окупирал вниманието и е загрижен поради тоа. Нервоза.
Лав
Вашиот владетел, Сонцето, формира добар аспект со Месечината во вашиот знак, давајќи ви шанси да ги реализирате вашите желби, идеи и планови. Соработката со Стрелец ви носи зголемување на заработката. Имате чувство дека вашата сакана не ве разбира. Прошетајте повеќе.
Девица
За вас нема зима кога е работата во прашање, со оглед на изразеното влијание на владетелите Меркур и Сонцето на полето на кариерата, целите и плановите. Месечината во 12-та куќа ви носи и емоционална и деловна поддршка од Рибите. Избегнувајте алкохол.
Вага
Позицијата на Месечината ви носи запознавање со некој кој ќе ги слуша вашите идеи за нови деловни проекти. Нагласено трето астрлошко поле, придонесува за подобра комуникација со саканата личност. Слободните Ваги можат да запознаат уметник или спортист.
Шкорпија
Месечината во астролошката куќа на кариерата прави добар аспект со вашиот владетел Марс, што ви носи шанси да остварите соработка со луѓе кои живеат во друг град или земја. Средба со стара љубов во попладневните часови. Намалете го внесот на шеќер.
Стрелец
Позицијата на Месечината ви носи можности да ја зголемите заработката преку соработка со странци и пријателски врски. Аспектите на вашите владетели, Јупитер и Нептун, планетите на романтиката и среќата, поттикнуваат силни емоции кон Лавот. Избегнувајте алкохол.
Јарец
Транзитот на Месечината низ Лав ги доведува до израз вашите финансии и потребата за проширување на соработката со странците. Некој сакан сака да ве направи среќни, но не е сигурен како ќе реагирате кога ќе дознаете за што се работи. Поминувајте повеќе време со пријателите.
Водолија
Аспектите на Месечината во Лав придонесуваат за подобро разбирање со саканата личност, особено ако сте јануарска Водолија. Договорите со поранешните деловни партнери и соработници може да ви донесат значително зголемување на приходите. Избегнувајте алкохол.
Риби
Месечината формира добри аспекти со планетите на полето на астролошката кариера, што им носи професионално и финансиско задоволство на Рибите во февруари. Емотивниот партнер покажува повеќе разбирање за вашите желби и потреби. Бидете внимателни зад воланот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата