logo
logo
logo

Еве КОЛКУ Е ШТЕТЕН „ОЗЕМПИК“ кој се злоупотребува за слабеење

Vecer | 14.08.2023

Еве КОЛКУ Е ШТЕТЕН „ОЗЕМПИК“ кој се злоупотребува за слабеење

Лекот за дијабетес „оземпик“ масовно се злоупотребува за слабеење и создава несакани ефекти. И сега Европската агенција за лекови истражува дали „оземпик“ предизвикува и самоубиствени мисли.

Експертите предупредуваат дека овој лек може да биде опасен за луѓе кои немаат дијабетес.

Во Македонија веќе имаше предупредувања дека се злоупотреува особено од инфлуенсери на социјални мрежи кои го посочуваат како лек за слабеење иако не му е таа намената.

Во Србија исто така веќе се регистрирани десетина случаи на несакани реакции на „оземпик“. Во емисијата „Јутро“, Тања Чировиќ, магистер по фармација и објаснува дека здравите луѓе дефинитивно не треба да го земаат.

„Оземпик е нашироко дискутиран токму поради неговата злоупотреба, иако неговата главна цел е лекување на дијабетес. Ја намалува концентрацијата на гликоза во крвта, но навистина е добар бидејќи го намалува и количеството на масното ткиво, што е добро за пациенти со дијабетес. Овој лек има неколку нуспојави кои може да ги дава на здрави луѓе како хипогликемија, несвестица, влошување на ретинопатија, гастроинтестинални пореметувања, акутен панкреатит“, изјави Тања Чировиќ.

Кај нас Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД ја информира јавноста и апелира за внимателно користење на лековите и истите да бидат само по препорака на лекар.

Примената на лекот за слабеење е надвор од одобреното индикационо подрачје, таканаречена “off-label” употреба за која лично е одговорен лекарот кој го пропишува и за истото треба да го извести МАЛМЕД. Како и за секој друг лек, и за лекоит Оземпикот постојат контраиндикации, односно состојби во кои лекот не смее да се применува, а евидентирани се и несакани реакции (намалување на нивото на шеќер во крвта, повраќање, пролив, болки во стомакот, запек, мачнина, пореметување на метаболизмот и други) кои здравствениот работник треба да му ги укаже на пациентот и да му дадее совет како да се справи со нив, појаснуваат оттаму.

https://vecer.mk/makedonija/ne-slushajte-influenseri-za-holivudsko-slabeenje-so-lekot-ozempik-toj-e-za-dijabetichari/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk