logo
logo
logo

(ВИДЕО)„ТИТАНИК“ ПОВТОРНО ВО БЕЛФАСТ: Светлосен спектакл во Северна Ирска

Vecer | 03.04.2026

(ВИДЕО)„ТИТАНИК“ ПОВТОРНО ВО БЕЛФАСТ: Светлосен спектакл во Северна Ирска

Белфаст уште еднаш му оддаде почит на својот најпознат брод преку фасцинантна светлосна инсталација. Речиси 1.000 дронови ја рекреираа силуетата на „Титаник“ на ноќното небо, токму на датумот кога бродот исплови од пристаништето во 1912 година.

Овој светлосен спектакл е дел од промоцијата на хит-документарецот на Би-Би-Си, „Титаник тоне вечерва“ (Titanic Sinks Tonight). Серијата, продуцирана во Северна Ирска, веќе ги собори рекордите со над два милиони гледачи, станувајќи најгледаниот историски документарец за сезоната 2025/2026 во Обединетото Кралство.

- Многу сме горди што го вративме „Титаник“ во Белфаст преку оваа извонредна телевизиска серија - изјави Сајмон Јанг, водител на историската програма на Би-би-си.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk