logo
logo
logo

Го затекнала момчето во кревет со друга, по што направила хаос (ВИДЕО)

Vecer | 03.12.2023

Го затекнала момчето во кревет со друга, по што направила хаос (ВИДЕО)

Во краткото видеото кое стана хит на социјалните мрежи, се гледа како жената фрла облека и други работи на улица додека шокираните соседи ја гледаат несекојдневната сцена на Атлантик авенијата, пренесе Њујорк Пост.

- Девојката е луда! Вистинско шоу - се слуша соседот додека ја снима скандалозната сцена.

Жената (34) која го пронашла своето момче во кревет со друг, толку збеснала што се соблекла гола за време на инцидентот на 20 ноември, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата и соседите.

- Само знам дека тоа го заслужи - вели еден корисник во коментарите.

- Има среќа што не е внатре или оди преку балконот - додал друг корисник.

Жената прво ја фрлила облеката на своето момче, а потоа на ред дошле вазната, отоманот, огледалото, малите кујнски апарати...

@thisisnyc

I'm pretty sure she'll take him back 😅😅😅😅

♬ original sound - thisisnyc

Полицијата блокирала дел од улицата под станот додека наводниот прељубник се обидувал да спаси дел од неговите работи.

– Жената е пренесена во болница на евалуација – соопшти полицијата.

Еден од жителите изјавил дека полицијата поставила заштитна мрежа под станот бидејќи не ја исклучува можноста жената да скокне. Соседите велат дека никогаш не слушнале како се караат и дека биле шокирани од метежот во зградата со вратар, каде што киријата чини од 2.800 до 5.000 долари месечно.

Медиумите пренесуваат дека парот живеел таму речиси пет години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk