35-годишен маж од источна Кина се снимал како пие обилни количини алкохол и како јаде стоногалки, гуштери и црви.
Неговиот профил го следеле 15.000 луѓе на најголемата кинеска платформа за игри DouYu, каде што се снимаше во живо секоја вечер. Сан се обидел да привлече повеќе следбеници со предизвикот на тркалото на кое што имало стоногалки, гуштери, црви, оцет, јајца и пиво, а тој живеел јадејќи или пиејќи што и да покажува тркалото.
Два дена по емитувањето во кое јадел стоногалки и гуштери, полицијата го пронашла во несвест во неговата соба, а на неговиот компјутер сè уште се емитувало во живо.
Видеата на Sun веднаш биле отстранети од DouYu, а полицијата не објасни за какви видови гуштери и стоногалки станувало збор и се уште ја истражуваат причината за неговата смрт.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата