logo
logo
logo

Ја фатил сопругата „на дело“, па завршил на суд- љубовникот го тужи за изнуда

Vecer | 16.10.2024

Ја фатил сопругата „на дело“, па завршил на суд- љубовникот го тужи за изнуда

Проблемот на жителот на провинцијата Шандонг започнале во март 2021 година, пренесува Oddity Central.

Локалните медиуми јавуваат дека тој во напад на бес го удрил љубовникот, а потоа прифатил понуда од 3.300 долари како „надомест за измамата“.

Нешто подоцна, тој поднел барање за развод, но бил шокиран кога дознал дека е тужен за наводна изнуда.

Во ноември 2021 година, окружниот суд го осудил мажот на шест месеци затвор, сметајќи дека „го принудил љубовникот да му плати пари“.

Тој поднел жалба, но во март следната година пресудата била потврдена. Повторно се жалел, со истиот резултат.

Меѓутоа, човекот не се откажал и се обратил до највисоката инстанца во Шандонг. Надлежниот суд заклучил дека „не се утврдени сите факти“, како и дека „индивидуалните докази се контрадикторни“. Затоа е наредено процесот да се повтори.

На почетокот на годинава, по нова истрага, човекот е ослободен од обвинението, со констатација дека „не го принудил љубовникт да ги плати парите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk