„Агенцијата ќе го користи овој термин со цел поефикасно да ја подигне свеста и да поттикне претпазливост кај јавноста“, се наведува во соопштението.
„Зборот, кој означува „исклучително жежок ден“, но нема прецизен официјален превод, е избран по гласање во кое учествувале речиси половина милион граѓани“, пренесе Блумберг.
Со воведувањето на зборот „кокушоби“, се проширува официјалната класификација на температурни екстреми во Јапонија, надоврзувајќи се на постојниот термин за „екстремно жежок ден“, кој се користи за температури над 35 степени. Во јапонскиот систем на категоризација, деновите со температура од 30 или повеќе степени се означуваат како „вистински летни денови“, додека оние со температура од 25 степени се класифицираат како „летни денови“.
Од тука, јапонската метеоролошка агенција информира дека како предлог биле разгледани и други зборови од јавноста, меѓу кои „ден натопен со пот“, „сауна ден“ и „ден за останување дома“. Според податоците на ЈМА, Во Јапонија минатата година било најтоплото лето досега. Од вкупно 20-ет највисоки температури некогаш регистрирани во земјата, осум биле измерени во периодот од крајот на јули до почетокот на август 2025 година.
Последиците од екстремните горештини врз јавното здравје биле премногу видливи, при што рекордни 100.000 лица биле хоспитализирани поради топлотен удар во текот на петмесечниот период минатата година.
Како земја која често се соочува со природни катастрофи, Јапонија со децении развива софистициран и строго регулиран систем за детекција на ризици поврзани со временските услови и природните непогоди. Според Блумберг, воведувањето на терминот за денови со екстремно високи температури би можело дополнително да придонесе за подобро справување на владите и компаниите со ризиците од рекордните горештини.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата