Овие црни топчиња, откриени на длабочина од 5.700 метри под нивото на морето, вредат милијарди долари.
Минералното богатство во облик на топка, за кое научниците веруваат дека е формирано во текот на милиони години со спојување на метал со коски од риби и други остатоци од морското дно, може да ја стави Јапонија на чело на глобалниот рударски сектор. Кобалтот и никелот се клучни состојки во производството на батерии за електрични возила (EV) и се неопходни во производството на високотехнолошки производи, млазни мотори, гасни турбини и различни компоненти во хемиската индустрија.
Фондацијата Нипон наведува дека истражувачите проценуваат присуство на околу 610.000 тони кобалт и 740.000 тони никел.
Во моментов, цената на кобалтот е 24.080,36 американски долари за тон, што ја става вредноста на ова откритие на неверојатни 14,69 милијарди долари. Во меѓувреме, никелот вреди 16.167,68 долари за тон, што додава дополнителни 11,96 милијарди долари.
Така, ако Јапонија ја продаде целата проценета сума, ќе заработи над 26 милијарди долари, што значително ќе ја поддржи економијата во следната деценија и ќе и овозможи да доминира на пазарот на електрични возила.
Јасухиро Като, професор специјализиран за геологија на ресурси на Универзитетот во Токио, најави дека има планови за ископување „три милиони тони годишно“ од овие наоѓалишта, а работата ќе започне веќе следната година.
Тимот планира да извлекува неколку илјади тони топчиња дневно со помош на специјализирани рударски бродови. Професорот Като нагласи дека овој процес е „клучен за економската безбедност“ и овозможува понатамошни истражувања со „минимално влијание врз морската средина“.
Според порталот Interesting Engineering, во соопштението на Универзитетот во Токио се посочуваат значајните придобивки од ова откритие и идните рударски активности, пренесува vt.co.
- На крајот, очекуваме дека резултатите од нашето истражување ќе придонесат за растот на Јапонија преку воспоставување домашен синџир на снабдување од „експлоатација на ресурси“ до „производство“ и ќе ја направат Јапонија вистинска научно-технолошка и океанска нација во вистинската смисла на зборот – се наведува во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата