Јапонската компанија Кавасаки претстави иновативен концепт на робот наречен Корлео. Тој е способен да се движи по непристапен терен, да скока, а во исто време можете да го возите.
Овој необичен робот беше прикажан на изложба во Осака, а Кавасаки го опишува како „иднината на личниот транспорт“ што им овозможува на луѓето безбедно да стигнат дури и до најнепристапните локации.
Сериското производство на овој уред не се очекува пред 2050 година
Иако техничките детали во моментов не се целосно познати, познато е дека Corleo е опремен со мотор од 150 кубика кој користи водород како гориво. Тој мотор генерира електрична енергија што ги придвижува моторите лоцирани во секоја од нозете на роботот.
Наместо класични контроли, роботот користи напреден компјутер со вештачка интелигенција кој ја анализира положбата во просторот во реално време и обезбедува стабилност при движење. Логично, компанијата го класифицира како возило.
„Ова не е само возило, туку СУВ со четири нозе што може да се движи на кој било терен – па дури и да скока преку снежните планини“, вели Кавасаки.
Промотивните материјали покажуваат како роботот превезува човек низ планини, шуми и полиња во различни услови и делови од денот.
Судејќи според дисплеите, за видео презентацијата е користена генеративна вештачка интелигенција (невронска мрежа), што најверојатно ја одразува визијата на инженерите за тоа како Корлео би можел да изгледа и да функционира во иднина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата