logo
logo
logo

Карлсен светски првак во брз шах

Vecer | 09.09.2024

Карлсен светски првак во брз шах

Осмото Светско првенство во брз шах се играше во три различни временски сегменти (90 минути со темпо од пет минути за целата партија со една секунда бонус по секој потег, 60 минути со темпо од три минути + една секунда и 30 минути со темпо од една минута + една секунда).

Иако во првата сесија Фирузја водеше со 2,5-1,5, Карлсен направи голем пресврт со четири последователни победи и првиот дел го доби со убедливи 6-3.

Следуваше целосна доминација Карлсен во триминутниот натпревар победи со 8-2, а во игра од една минута целосно го „скрши“ противникот со неверојатни 9,5-2,5, остварувајќи осум последователни победи.

Конечниот резултат гласеше 23,5-7,5 (6-3, 8-2, 9,5-2,5) за трета светска титула во брз шах за норвешкиот велемајстор./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk