logo
logo
logo

Холанѓаните ќе ја игнорираат забраната за огномети- секој шести подготвен да го прекрши законот

Vecer | 03.04.2025

Холанѓаните ќе ја игнорираат забраната за огномети- секој шести подготвен да го прекрши законот

Мнозинството пратеници во холандскиот парламент сакаат да го забранат огнометот на новогодишната ноќ, дозволувајќи само неколку помалку штетни огномети како што се светки, што според анкетата го поддржуваат 65 отсто од граѓаните.

Од друга страна, 34 отсто од граѓаните се против, а 16 отсто од Холанѓаните тврдат дека ќе ја игнорираат забраната и ќе продолжат да купуваат нелегални огномети доколку е потребно, пренесува NL Times.

Во парламентот, само екстремно десничарските партии се мнозинство против забраната.

Доколку забраната стапи на сила, 78 отсто од Холанѓаните велат дека ќе ја почитуваат, а 71 отсто велат дека дефинитивно нема да купуваат огномет.

Околу 16 отсто рекле дека незаконски ќе набават огномет од странство за да ја задржат традицијата на новогодишниот огномет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk