logo
logo
logo

Хорор на забава: Сакале да го откријат полот на бебето, кога паднал авионот со правот (ВИДЕО)

Vecer | 03.09.2023

Хорор на забава: Сакале да го откријат полот на бебето, кога паднал авионот со правот (ВИДЕО)

Имено, двојката најмила мал авион кој требало да ги прелета и да фрли розов или син прав што би го открил полот на нивното дете.

Но, во моментот кога авионот се приближил до идните родители, кои стоеле до знакот, авионот од кој се испуштал розовиот прав, почнал да се урива.

Додека среќната двојка се бакнувала и го прославувале своето ново бебе, малиот авион се урна и пилотот загина.

Пред да сфатат дека се случила трагедија, парот продолжил да се гушка, а членовите на семејството им честитале.

Луис Анхел Н. (32) бил пилотот и единствениот човек во малиот авион, јавуваат локалните медиуми. По несреќата бил пронајден како лежи под остатоците. Тој итно бил пренесен во болница каде за жал починал, според Мрежата за воздухопловна безбедност.

Видеото од овој трагичен момент стана вирално на социјалните мрежи, а се појави и фотографија на која се верува дека го прикажува целосно уништеното летало, пишува Дејли Меил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk