logo
logo
logo

Крава нападна Британка-ја фрли во воздух и ја закачи на роговите: Црвениот кармин е виновен

Vecer | 21.10.2024

Крава нападна Британка-ја фрли во воздух и ја закачи на роговите: Црвениот кармин е виновен

Била во друштво на мајка ѝ, сестрата и зетот кога забележала дека животното, нормално рурален вид со долго крзно, опасно ѝ се приближува. Пред да може да реагира, веќе било доцна.

Мајката на четири деца го опишала ужасното искуство.

„Забележавме стадо и не сакав да поминам. Сестра ми ми рече дека кравите се пријателски расположени, бидејќи во спротивно би биле во заграден простор. Ја послушав, но не требаше“, објасни таа.

Ланет вели дека една крава почнала да се приближува, но не побегнала, плашејќи се од нејзината реакција.

„Знаев дека нема да биде добро штом ја спушти главата. Во секунда ме фрли во воздух, а потоа ме наби на роговите. Ми ги прободе панталоните и долната облека“, рече таа.

Таа смета дека е вистинско чудо што преживеала само со модринки на бутовите, што може да се види на објавените фотографии.

„Не престанувам да размислувам за нападот. Имам кошмари дека кравата повторно ќе ме нападне“, открила таа.

Таа не знае зошто била цел на напад, но верува дека е виновен нејзиниот црвен кармин, пренесува The Sun.

„Беше страшно. Рогот можеше да ми помине низ ногата. Бев загрижена за мајка ми, која боледува од Алцхајмерова болест, бидејќи ако ѝ се случеше ова, ќе ја убиеше“, изјави Ланет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk