Венера, планетата на љубовта, во овен е ретроградна, па им ги „замрси конците“ на многу хороскопски знаци. Повици од минатото, средби со стари партнери - сето тоа се манифестации од ретроградна Венера.
ОВЕН
Имате тајна љубов, но многу размислувате за минатото. Поради влијанието на ретроградната Венера, мислите дека разделбата со личност од минатото била грешка. Можни се кармички познанства кои ќе ви го променат погледот на љубовта.
БИК
Ќе се изненадите од изгледот на личност која не сте ја виделе неколку години. Сега е време да ги обновите старите контакти. Сепак, размислете дали е најпаметната работа во овој момент. Врските кои се обновуваат со ретроградна Венера ретко можат да траат.
БЛИЗНАЦИ
Друштвени сте и лесно стекнувате нови познанства. Мешате љубов и другарство, па можете да запловите во романса од пријателство. Доколку сте во брак, вашата врска може да се разниша поради средбата со овенот.
РАК
Има криза во љубовната врска. Под влијание на Марс во вашиот знак не простувате лесно, па партнерот не знае како да се позиционира кон вас. Обидете се да направите компромис со луѓето за кои се грижите.
ЛАВ
Љубов може да ви се случи на патување или со личност која доаѓа од странство. Сè брзо ви здосадува, па ви треба авантура. Ако сте во брак, промената на средината може да биде корисна.
ДЕВИЦА
На Меркур, вашиот владетел, му претстои ретроградна состојба, па вие сте во фаза во која лошо проценувате. Ова важи и за љубовта. Затоа треба да внимавате во какви врски влегувате. Девиците во брак треба да внимаваат како се однесуваат со партнерот.
ВАГА
Ретроградната Венера ви ги збрка љубовните врски. Поради личност од минатото, вашата сегашна врска ќе биде доведена во прашање. Внимавајте какви одлуки носите во љубовта за да не зажалите подоцна во април.
СКОРПИЈА
Можна е романса на работното место. Тоа е некој што го познавате долго време, но сега ќе ви покаже чувства. Скорпиите кои се во брак може да очекуваат чести кавги поради проблеми од минатото.
СТРЕЛЕЦ
Подгответе се за враќање на старата љубов. Повеќе луѓе ќе треба повторно да се поврзат со вас. Имајте на ум дека не е добро да се вратите на старите патеки, ниту да ја обновите врската во која сте биле емотивно повредени.
ЈАРЕЦ
Имате проблеми во комуникацијата со луѓето за кои се грижите. Внимавајте какви одлуки носите бидејќи тие ќе ја обликуваат вашата иднина. Во овој период сте строги и лесно можете да кажете нешто што не е точно.
ВОДОЛИЈА
Во овој период сите сакаат да разговараат со вас. Очекувајте поплава од пораки и барања за пријатели, дури и од луѓе што не сте ги виделе подолго време. Поранешната љубов ќе се обиде да се помири со вас.
РИБИ
Подгответе се да запознаете стара љубов. Тоа е некој што многу го сакавте. Иако ќе сакате да се закопате во минатото, обидете се да останете фокусирани на новите луѓе и врските што допрва треба да ги изградите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата