logo
logo
logo

Макрон ги повика младите повремено да ги остават телефоните и да уживаат во животот „офлајн“

Vecer | 17.04.2026

Макрон ги повика младите повремено да ги остават телефоните и да уживаат во животот „офлајн“

Говорејќи пред ученици во Вилер-Котре, Макрон предложи тој ден децата и младите да го посветат на читање, пишување, театарски активности, дружење и заедничко создавање.

Макрон кој се залага за целосна забрана на социјалните мрежи за деца под 15 години, оцени дека тие значително го одвлекуваат вниманието на младата генерација.

„Ве оставивме во оваа џунгла и таа ви го одзеде вниманието“, им рече Макрон на учениците, додавајќи дека на младите им е потребно да се забавуваат и поголема поддршка за да израснат во одговорни граѓани.

Во Горниот дом на францускиот парламент – Сенатот во моментов се разгледува предлог за забранаа за користење социјални мрежи од деца. 

Макрон се залага мерката да стапи во сила веќе од следната учебна година во септември, повикувајќи се на загриженоста за влијанието на прекумерното користење екрани врз образованието и менталното здравје.

Предлогот во јануари беше одобрен од Долниот дом – Националното собрание, но сенатска комисија изрази правни резерви и забелешки за толку обемна рестрикција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk