За време на
свадбената церемонија, младенците се заколнуваат на љубов и верност до крајот
на животот. Колку често е навистина така во пракса?
Прељубата е една
од сенките што постојано и се заканува на брачната заедница. Во секој брак, па
и во врска, има кризни периоди, кога се добива впечаток дека искрата исчезнала
и дека пламенот на љубовта и страста згаснал. Во тие моменти, мажите често бараат
сексуална авантура, за да си ја вратат самодовербата и повторно да ја
почувствуваат возбудата, која се изгубила во годините поминати со нивните
сопруги.
Не сфаќајте
погрешно, никој не вели дека жените немаат и вонбрачни афери, но студиите
покажуваат дека мажите тоа го прават почесто. Проблемите, кризите во брачниот
живот, прељубата се вообичаени теми во психолошките ординации, но она што паѓа
во очи и привлекува внимание е фактот дека во споредба со бројот на неверства,
разводите се уште отсуствуваат. Со други зборови, во повеќето случаи, мажите
речиси никогаш не ги оставаат своите сопруги за љубовници. Потенцијалните
причини за ваквата појава можете да ги прочитате подолу.
Разводот е
тежок
Секој од нас
познава барем една личност која поминала низ период на развод. Во огромното
мнозинство на случаи, тоа е макотрпен процес кој често остава последици по
психолошкото здравје на една личност.
Разводот создава
чувство на личен неуспех и го поставува прашањето: Како беа убиени тие
прекрасни чувства од почетокот? Дури и кога размислувањето не оди така,
адвокатите, трошоците, давањето објаснувања и проветрувањето на „валканите
алишта“ пред непознати (судии и адвокати) и поделбата на имотот е нешто за што
дефинитивно треба да размислувате во следните неколку месеци или години! При
самото помислување на сето горенаведено, повеќето мажи одлучуваат да останат
таму каде што се - покрај својата сопруга.
Фактор на
ризик
Што ако по болен
процес на развод мажот сфати дека направил грешка и сака да се врати кај
сопругата? Дали љубовницата е навистина подобар избор или едноставно така
изгледа? Овие прашања ги мотивираат мажите да се откажат од правењето чекор
напред - не се сигурни дали тоа е еден чекор напред или два чекори назад.
Кај љубовниците,
мажите го бараат она што мислат дека им недостига на нивните жени или на
нивната врска со жена. Почетокот е главно сладок и е вистинско освежување.
Сепак, во секоја врска нешто недостасува. Откако пронаоѓаат нешто што
моментално недостасува, постои можност многу повеќе да се изгуби на другата
страна. Свеста за тоа го враќа назад.
Децата и
осудата на општеството
Ако во бракот се
раѓаат деца, работата станува доста комплицирана. Ако мажот е приврзан за
своите деца, самата помисла да ги изложи на стрес и помалку да ги гледа ќе биде
пекол. Многу бракови преживуваат само заради децата, а родителите се подготвени
да ја занемарат сопствената среќа.
Од друга страна,
оставањето деца за друга жена е апсолутно неприфатлива форма на општествено
однесување. Острото проценување и притисокот од околината е нешто со кое мажот
би морал да се справи. Дали е во состојба?
Никогаш не е
доцна да се решат несогласувањата и конфликтите. Потребни се волја, трпение,
обид да се ставите на позицијата на партнерот, разбирање, простување, но
пресудна е желбата за надминување на кризата. Не двоумете се да побарате
стручна помош. Со неа е многу полесно.