Она што е интересно и возбудливо за онлајн запознавањето е тоа што можностите се бескрајни, а вашиот иден партнер може да се најде меѓу многуте корисници. За жал, често се случува кога се среќавате на апликации, да налетате на некој со не толку чисти намери, пишува The Sun.
Токму тоа и се случи на една жена која на својот профил на TikTok @datingprofiledr раскажа какво е чувството да се биде во светот на апликациите за запознавање на 40-годишна возраст.
„На почетокот морам да кажам дека избришав профили од апликациите за состаноци бидејќи ја научив лекцијата“, рече таа. Имено, таа пред неколку месеци на една од апликациите се поврзала со, според неа, фантастичен маж. "Тој беше малку постар од мене и изгледаше одлично. Отидовме на три состаноци и се чинеше дека сè оди добро", продолжи таа.
Откако таа навистина се заинтересира за овој човек и откако почна да зборува за него со своите пријатели како да станува навистина сериозно, тој одеднаш престана да испраќа и да одговара на пораки. Нешто подоцна, 40-годишната жена добила порака на Фејсбук од девојка со која одела во средно училиште.
Од каде го познаваш?“, пишувало во текстот покрај фотографијата на споменатиот маж. Таа веднаш одговори дека се поврзала со него на една од апликациите за запознавање, дека отишла на неколку многу романтични состаноци со него и дека на крајот тој едноставно престанал да и одговара. „О, навистина?“, праша нејзината другарка од средно, а потоа продолжи: „Тој ми беше дечко во последните четири години!
Извинувајќи ѝ што морала да дознае дека на ваков начин ја изневерува, таа и ги испратила сите пораки што ги разменила со него, за да ја потврди својата приказна. Многу корисници кои го погледнаа видеото решија да споделат свои слични искуства. Бев шокиран кога сфатив колку мажи се претставуваат како сингл, а всушност се во врска или уште полошо во брак“, напишал еден корисник. „И јас бев изгорена еднаш на сличен начин и оттогаш повеќе не ги користам тие апликации“, додаде друга.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата