logo
logo
logo

Младоженец во ковчег пристигнал до олтарот, сите се прашуваат каде е невестата (ВИДЕО)

Vecer | 03.10.2024

Младоженец во ковчег пристигнал до олтарот, сите се прашуваат каде е невестата (ВИДЕО)

Тоа покажува колку поединците се трудат да бидат единствени, а понекогаш можеби и да претераат..

На почетокот ги гледаме гостите во свечената сала како го чекаат доаѓањето на младенците. Тогаш на вратата се појавуваат неколку млади мажи во сини костуми кои носат „ковчег“ на рамениците.

Логично, од него штрчат нозете - и тоа не на било кого, туку на „кутриот“ младоженец. Младите го носат „ковчегот“ до гостите, танцуваат, а потоа се појавува главната ѕвезда.

Младоженецот станува од ковчегот, облечен во елек и шешир. Присутните почнаа да аплаудираат и гласно да го бодрат.

Многу корисници на социјалните мрежи се изненадени од сцената, и истакнуваат дека не ја разбираат потребата од ваков „перформанс“.

„Никогаш не сум ги разбрал луѓето кои бараат внимание“, напиша една личност, додека друга додаде: „Понекогаш традиционалното е многу подобро“.

Многумина се интересираа како реагирала невестата, бидејќи снимањето било прекинато.

„Ќе има среќа ако не го врати засекогаш во таа кутија, по таков запис“, смета еден корисник.

„Го разбирам. Еден дел од тебе дефинитивно умира кога ќе се ожениш“, заклучува друг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk