Девојката секоја година одела на тоа патување со другарките, но младиот човек во исповед на социјалните мрежи изјавил дека почнал да се сомнева дека можеби не е искрена со него. Тој открил дека му било многу непријатно што презел ваков драстичен чекор, но неговите сомнежи биле потврдени откако детективот собрал докази, пишува британскиот таблоид Мирор.
Сега се прашува како да продолжи бидејќи го мачи тоа што ја шпионирал својата вереница и не ѝ верувал, а притоа се чувствувал изневерен. Не е сигурен дали треба да признае што направил или едноставно да ја прекине врската без објаснување. Својата дилема ја сподели на Редит барајќи совет што да прави.
- Јас и мојата вереница сме заедно пет години. Секоја година оди на женско патување со другарките. Секогаш имав чудно чувство за тие патувања. Можеби тоа беа мали промени во нејзиното однесување по враќањето или разговори што би ги слушнал. Наместо да разговарам со неа, направив нешто од што се срамам, ангажирав приватен детектив да ја следи на нејзиното последно патување. Неодамна ги добив резултатите. Иако жалам за нарушувањето на нејзината приватност, моите сомнежи се покажаа како оправдани и тоа целосно ме здроби. Сега сум фатен помеѓу вината за шпионирање и длабоката болка од нејзиното предавство. Ја сакам, но веќе не гледам иднина за нас. Како да ѝ признаам што сум направил – ги прашал младото момче корисниците на Редит.
Младиот човек во нова објава изјавил дека разговарал со својата свршеница.
- Се соочив со неа за аферата. Таа беше изненадена и веднаш праша од каде знам. Ѝ ја кажав вистината дека ангажирав приватен детектив. Не сакав лажно да обвинам ниту една нејзина пријателка како што предложија некои од вас. Беше бесна! Никогаш не сум ја видел толку лута во сите наши години заедно. Дополнително, чувствувајќи дека тоа е вистинската работа, ги споделив доказите со момчето на една нејзина пријателка за и тој да биде информиран и да размисли за тестирање на неговата девојка, доколку е потребно. Стана јасно дека нашата врска дошла до точка на кршење - раскажува младиот човек и додава дека ја замолил својата вереница да се исели од неговата куќа.
Објавата имала многу коментари.
- Браво човеку. Добро е што ги информиравте и другите парови - вели еден корисник.
- На сите им покажа која е и што е. Среќа што не се омажи за тоа ѓубре. Жал ми е што мораше да се справиш со неа - гласи една од пораките.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата