Несреќната жена се движела по улица кога добила силен удар, а на помош прв притрчал нејзиниот внук.
Додека Јатим се доближувал до својата баба, животното истрчало и кон него, го соборило, а потоа неколку пати го удрило со копитата.
Младиот човек не се откажал, ја подигнал жената и се обидел да се оддалечи, но бикот повторно се нафрлил и ги удрил со глава.
Во тој момент дотрчал еден од соседите и со стап се обидел да го исплаши разбеснето животно, пренесува Метро.
Снимката е прекината, а локалните медиуми јавуваат дека Ангори и Џатин се пренесени во болница. Жената се здобила со скршеница на раката, па била оперирана.
Жителите на Махендрагар го поздравуваат младиот човек како херој за неговото „брзо размислување и храбра реакција“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата