logo
logo
logo

Моментно најпознатата руска измамничка и во домашен притвор заработува стотици илјади долари

Vecer | 23.07.2024

Моментно најпознатата руска измамничка и во домашен притвор заработува стотици илјади долари

Ана Сорокин, измамничката позната и како Ана Делви, продолжува да го привлекува вниманието на светската јавност. Таа денес е во домашен притвор, но се чини, и натаму нижи „успеси“... Во последното интервју за „ВВД“ (WWD), таа вели дека и натаму се труди да биде зафатена и продуктивна.

- Не правам ништо доволно возбудливо во мигов. Би било полесно да создавам повеќе ако можам да ја напуштам куќава. Никој не сака да гледа како седам на каучот и пишувам книга... Сѐ зависи од тоа кога ќе бидам слободна. Потоа ќе правам занимливи работи што луѓето сакаат да ги гледаат, додаде Ана.

Ана е родена во Русија и е позната по тоа што ги измами банките и општеството во Њујорк за илјадници долари, меѓу 2013 и 2017 година. Таа тогаш живеела на Менхетен, а сите мислеле дека е Германка, наследничка, со богатство од 67 милиони долари во Европа. Но, таа тврди дека никогаш не сакала да биде позната како измамничка.

- Тоа е целосно наметнато од Обвинителството и медиумите, како и од „Нетфликс“, но дефинитивно се обидувам да побегнам од тоа. Едноставно, мразам да ги гледам сите овие наслови за измами и лажно наследство. Би сакала да добијам шанса луѓето да не ме гледаат само како наводна измамничка, вели Ана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk