Томи Бенкс, сопственик на два ресторана и паб во Северен Јоркшир, вчера на Инстаграм објави дека му е украдено комбе, со намирници во вредност од 25.000 фунти (повеќе од 30.000 евра). Тој ги повика крадците да ги остават питите во општински центар или пред народната кујна.
- Знам дека сте криминалци, но можеби би можеле да направите нешто убаво, затоа што следи Божиќ и ајде заедно да нахраниме неколку илјади сиромашни... Постапете правилно, не дозволувајте храната да оди в ѓубре. Тоа би било навистина срамота, вели готвачот, меѓу другото.
Во видеото, Бенкс побара од читателите - секој кој ќе се обиде да продаде негова пита, да го пријават в полиција. Полицијата во Северен Јоркшир соопшти дека биле информирани за кражбата и побарале од сите што имаат какви било информации да контактираат со нив.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата