logo
logo
logo

Најмалата чанта на светот е продадена за астрономска сума, помала е од зрно сол (ФОТО)

Vecer | 12.11.2024

Најмалата чанта на светот е продадена за астрономска сума, помала е од зрно сол (ФОТО)

За некои работи треба да се чека со години, откако ќе се нарача, па кога ќе стигнат, на среќата ѝ нема крај.

Така, престижниот бренд Луј Витон направи промена меѓу своите производи. Имено, тие направиле чанта, и тоа не било каква - туку микроскопска, односно помала од зрно сол. И нема да верувате дека чини незамисливи 63.000 долари, пишува „Market Realist“.

Она што е уште поинтересно е што доаѓа „во пакет“ со микроскоп (?!) кој има дигитален дисплеј за да може да се види што поседува. Нејзините димензии се 657 x 222 x 700 микрони, или помалку од 0,7 сантиметри, а создадена е од уметнички колектив од Бруклин, MSCHF, кој инаку е познат по своите извонредни контроверзни дизајни.

За да ви даде претстава за нејзините димензии, торбичката е доволно мала за да се вклопи низ окце на иглата низ која минува конец. Затоа е потребен микроскоп за да се види. Интересно е што на чантата има монограм со потпис „LV“. Има флуоресцентно зелена боја, со малку проѕирна текстура, која е избрана со цел да биде повидлива.

MSCHF е познат по неколку контроверзни дизајни, вклучувајќи чевли кои содржат човечка крв, патики со света вода, колонска вода што мириса на популарно моторно масло.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk