logo
logo
logo

Наследил куќа од роднина, па во неа нашол 100 килограми злато- сега има проблем со државата

Vecer | 30.08.2024

Наследил куќа од роднина, па во неа нашол 100 килограми злато- сега има проблем со државата

Неименуваниот наследник го доживеа шокот на својот живот во 2016 година, откако дошол во зградата во Евр (Нормандија). Ништо не изгледало невообичаено додека не почнал да го преместува мебелот.

На неколку места пронашол 5000 златници, две прачки од 12 и 37 прачки од по еден килограм. Вкупната вредност на неверојатното богатство се проценува на 3,5 милиони евра.

Аукционерот Николас Фирфорт исто така ја посетил куќата, но тој бил поканет порано - поради рустикалниот мебел.

„Новиот сопственик не го забележа златото, бидејќи беше добро скриено“, рече тој.

Човекот прво пронашол лимена кутија полна со златници, која била закачена на дното на старо парче мебел, јавува Би-Би-Си.

 „Кога ги откри сите залихи, повика адвокат да направи попис“, додаде Фирфорт.

Според изјавите пронајдени во домот на починатиот роднина, златото било легално купено во 1950-тите и 1960-тите. Многу брзо, било продадено на клиенти во Франција и во странство.

И тогаш наследникот сфатил дека има голем проблем.

Тој е соочен со фактот дека ќе мора да плати данок, доколку сопственикот не пријавил вредни средства, додека данокот на наследство бил 45%.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk