logo
logo
logo

Научниците снимиле страшно суштество на длабочина од 8.000 метри (ВИДЕО)

Vecer | 19.12.2024

Научниците снимиле страшно суштество на длабочина од 8.000 метри (ВИДЕО)

На почетокот на октомври е пронајден необичен предатор, наречен Dulcibella Camanchaca, кој припаѓа на еден вид амфиподи (ракови слични на ракчиња). Ова суштество се прилагодило на животот во темнина, а изградено е и се однесува како вистински предатор.

Првите примероци на суштеството со изглед на дух се собрани со помош на робот, на кој претходно биле прикачени пилешки мамки, пишува Mirror.

Создаден е за да „фаќа, убива и проголта“ во подводните живеалишта - со помош на лигави пипала, но исто така делува и како чистач, според експертите.

„Ја потврдивме Dulcibella Camanchaca како нов вид. Ова ја докажува важноста на истражувањето на длабоките океани, особено во „соседството“ на Чиле. Ровот Атакама претставува голема мистерија“, изјави д-р Каролина Гонзалес, една од авторите на студијата.

Објавена е и снимка од суштеството во посебен стаклен сад, кое изгледа застрашувачки, но е долго само четири сантиметри.

Ровот Атакама се протега околу осум километри под површината на Тихиот Океан и е создаден за време на движењето на тектонските плочи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk