logo
logo
logo

Нетанјаху вети дека ќе ги врати заложниците во порака по повод еврејскиот празник Пасха

Vecer | 11.04.2025

Нетанјаху вети дека ќе ги врати заложниците во порака по повод еврејскиот празник Пасха

Неговата изјава доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти за напредок во преговорите за ослободување на заложниците. На вчерашната седница на американската Влада тој рече: „Се приближува времето кога ќе можеме да ги вратиме назад“.

Во видео обраќањето по повод еврејската Пасха, Нетанјаху истакна дека „во многу семејства ќе има празни столчиња“.

„Заедно ќе ги вратиме заложниците, заедно ќе ги победиме нашите непријатели, заедно ќе ги поддржиме ранетите и заедно ќе ги наведнеме главите во спомен на загинатите“, рече тој.

Израелските медиуми денеска објавија дека Египет и Израел размениле нацрт-предлози поврзани со договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Според весникот „Тајмс оф Израел“, египетскиот предлог вклучува враќање во Израел на осум живи заложници и осум тела на мртви заложници во замена за прекин на огнот од 40 до 70 дена и ослободување на голем број палестински затвореници. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk