logo
logo
logo

НЕТФЛИКС ТРЕБА ДА ВРАЌА ПАРИ, ПОСКАПЕЛ БЕЗ ДА ИНФОРМИРА – Пресуда во германски суд

Vecer | 21.05.2025

НЕТФЛИКС ТРЕБА ДА ВРАЌА ПАРИ, ПОСКАПЕЛ БЕЗ ДА ИНФОРМИРА – Пресуда во германски суд

Нетфликс во последните неколку години постојано ги зголемуваше цените на своите претплати, но овие зголемувања на цените, според пресудата на Окружниот суд во Келн, не биле правно валидни, што би можело да има големи последици за милиони корисници.

Корисник кој претходно плаќал премиум претплата од 11,99 евра месечно, а сега плаќа 17,99 евра, поднел тужба со поддршка на правната агенција VBS Legal, предводена од познатиот медиумски адвокат Кристијан Солмеке.

На 15 мај 2025 година, судот пресудил во корист на корисникот.

Според таа пресуда, Нетфлиск нема право еднострано да ги менува цените без изрична и информирана согласност од корисниците.

Исто така, компанијата е должна да им ги врати на корисниците сите преплатени износи од 2019 година па наваму. За жал, барањата за 2017 и 2018 година се веќе застарени. Пресудата стана правосилна бидејќи жалбата беше одбиена. Судот јасно нагласи дека кликнувањето на копче во апликацијата или примањето порака од Нетфликс не е доволно за да се смета дека корисникот се согласил со новата цена. Многу корисници, според толкувањето на судот, верувале дека станува збор само за известување, а не за предлог за нов договор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk