logo
logo
logo

Ниските утрински температури може да предизвикаат штети кај процветаните сливи

Vecer | 18.03.2025

Ниските утрински температури може да предизвикаат штети кај процветаните сливи

Високите температури минатата недела ја активираа вегетацијата и кај некои култури се појавија цветови. Но, студените утра деновиве може да предизвикаат појава на слаб до умерен мраз и да причинат штети, особено кај коскестите видови, сливата, раните сорти кајсии и бадемот.

Според агрометеоролозите, појавата и јачината на мразот не е секаде еднаква, многу зависи од позицијата на теренот и конфигурацијата на земјиштето.

На земјоделците им се препорачува да преземат содветни мерки за заштита на посевите од измрзнување. 

-Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка од 2 до 10 сантиметри. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нулата. Ниските минимални утрински температури кои се очекуваат во текот на следните денови, од агрометеоролошки аспект можат да причинат штети со појава на слаб до умерен мраз, особено кај коскестите видови, сливата, раните сорти кајсии и бадемот, претежно оние кои се веќе процветени. Се препорачува земјоделските производители да преземат содветни мерки за заштита на нивните посеви од измрзнување, велат агрометеоролозите од УХМР. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk