logo
logo
logo

Орките се нарекуваат и „китови-убијци“- туристи снимиле напад на 60 орки врз син кит (ВИДЕО)

Vecer | 13.04.2025

Орките се нарекуваат и „китови-убијци“- туристи снимиле напад на 60 орки врз син кит (ВИДЕО)

Затоа оваа локација е популарна меѓу туристите, кои претходно оваа недела имаа можност да бидат сведоци на шокантна сцена.

Во понеделникот, туристи и поморски експерти на брод гледале како јато од 60 орки бркаат и убиваат бебе син кит долг 20 метри, објави австралиската телевизија ABC.

Целата сцена била крвава, сурова, трагична и покрај што сето тоа е природно.

Во исто време, тоа е само четврти случај на орки да ловат син кит во кањонот Бремер.

"Тоа беше многу интензивна борба која траеше околу 40 минути од моментот кога за прв пат го видовме синиот кит на површината. Кога неговата судбина беше запечатена, орките славеа со скокање од водата и шлакање со опашката по површината", објавија од Naturaliste Charter Whale Watching.

Целиот настан е извонреден потсетник за тоа зошто орките се врвни предатори на океаните и зошто се именувани како китови убијци.

„Сè уште сме во шок. Секогаш се трудиме да останеме настрана и да не се мешаме, но многу е тешко да се гледа оваа ситуација. Тоа е неверојатно брутално“, вели Џена Такер, која работи за Naturaliste Charters.

„Страшно е, но таква е природата. Беше привилегија да се гледа вакво нешто“, додала Такер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk