logo
logo
logo

Осум однесувања на детето кои укажуваат дека често му се вика

Vecer | 09.04.2025

Осум однесувања на детето кои укажуваат дека често му се вика

 Заморот, стресот, вознемиреноста и притисокот на секојдневието понекогаш преовладуваат и гласот се повишува. Но, иако таквото однесување е разбирливо, експертите за детски развој сè почесто предупредуваат дека честото викање има долготрајни и сериозни последици врз детето.

На социјалните мрежи, психолозите и терапевтите споделуваат конкретни примери на однесување кај децата кои често трпат викање и прекорување. Ова се осумте однесувања кои кај децата најчесто се забележуваат. Некои од нив можеби и самите ќе ги препознаете.

1. Постојано се извинуваат – дури и кога не направиле ништо погрешно

Децата кои се изложени на често викање, развиваат навика на автоматско извинување. Тие се обидуваат однапред да спречат можна казна, дури и кога се целосно невини. Таквото однесување често е резултат на страв и постојано исчекување на негативна реакција од возрасните.

2. Зголемена анксиозност

Децата кои живеат во средина во која трпат викање, често викаат стануваат исклучително напнати и нервозни. Тие покажуваат знаци на анксиозност како што се проблеми со спиењето, немир, грицкање нокти, па дури и појава на тикови. Секогаш се „на штрек“, чекајќи нова закана.

3. Стремеж кон перфекционизам

Со надеж дека ќе избегнат лутење, некои деца развиваат перфекционистички склоности. Тие веруваат дека совршенството ќе ги заштити од викање и казнување, а секоја грешка станува причина за паника и чувство на вина.

4. Избегнување на возрасни

Децата кои често биле изложени на потсмев почнуваат да ги доживуваат возрасните како закана. Тие особено се плашат од авторитетни личности - наставници, тренери, воспитувачи - и често развиваат недоверба кон кој било возрасен.

5. Страв од гласен звук

Ваквите деца често покажуваат вкочанетост веднаш штом ќе слушнат повишен тон, дури и ако тој не е насочен кон нив. Тие инстинктивно се тргаат, ќе се стиснат и се подготвуваат за вербален напад бидејќи се навикнати на таквата шема.

6. Тие не знаат како да се залагаат за себе

Поради стравот од конфликт, децата кои често биле предмет на викање, тешко поставуваат граници и тешко го изразуваат своето мислење. Тие учат дека мора да молчат за да бидат безбедни и честопати дозволуваат другите да доминираат над нив.

7. Се повлекуваат и избегнуваат комуникација

Некои деца едноставно се затвораат – престануваат да бараат внимание, помалку зборуваат и сè помалку ги искажуваат своите потреби. Таквото повлекување често е резултат на чувството дека нивното изразување ќе биде исмеано, игнорирано или казнето.

8. Ги потиснуваат чувствата и емоциите

Децата кои често биле казнувани поради „неприфатливите“ емоции – како тага, гнев или разочарување – учат да ги кријат или потиснуваат. Тие се плашат да зборуваат искрено за она што го чувствуваат бидејќи многупати биле критикувани поради тоа.

Зошто е важно да застанете и да размислите?

Се разбира, сите родители грешат. Важно е да не се обвинувате себеси, туку да бидете свесни за ефектот на сопствените реакции. Ако препознаете некои од овие однесувања кај вашето дете, тоа не е причина за паника – туку можност да го промените вашиот пристап и да ја зајакнете меѓусебната доверба.

Наместо да викате, психолозите советуваат да ја примените техниката „пауза“, подлабоко да дишете и јасно да ги изразите границите со мирен тон. Децата учат најмногу од моделите на однесување на нивните родители – а смиреноста, трпението и сочувството секогаш даваат најдобри резултати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk