Еден од најпознатите медиуми во автомобилскиот свет, Top Gear, го избра автомобилот на годината за 2023 година.
Станува збор за Hyundai Ioniq 5 N, електричен „хиперхеч“ кој беше претставен на почетокот на годинава, на јулскиот саем во Гудвуд.
Овој автомобил ја комбинира платформата „Е-ГМП“ со „Н“ технологиите и како што рече Пол Хорел, новинар од Top Gear
Според него овој автомобил требало да биде бензинец, но идејата била сменета кога се видело што може да направи електрификацијата
Погонската група на овој модел обезбедува поголема моќност и подобрени перформанси за ладење и сопирање на батеријата во споредба со неговиот претходник.
Има два електромотори (со вкупно 478 kW/650 КС и 770 Nm) и батерија од 84 kWh, при што забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,4 секунди, додека максималната брзина е 260 km/h.
Преведено, тоа значи 3,5 секунди за спринт до 100 km/h, или десетина помалку кога е активирана функцијата N Green Boost.
Од Hyundai нагласуваат дека во автомобилот е вградена технологија од 800 волти - на ултра брзиот полнач се полни од 10 до 80 отсто капацитет за само 18 минути.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата