logo
logo
logo

Ова може да ви го спаси животот (видео)

Vecer | 14.03.2025

Ова може да ви го спаси животот (видео)

Клучен е фокусот на еден објект и постепено регулирање на дишењето.

Насобраните фрустрации и постојаната изложеност на стрес драстично го зголемуваат ризикот од напади на паника, кои можат да бидат крајно непријатни, па дури и опасни по живот. Затоа е многу важно да знаете како да се смирите, а д-р Лорин Оер вели дека клучот е во држењето фокус на еден предмет.

Како што објаснува Оер, целта на оваа едноставна техника е да ги смири нервите во рок од неколку секунди, а со тоа да го „измами“ телото да се почувствува многу поопуштено.

Трикот е да се фокусирате на еден предмет - Лорин користела „хајлајтер“ во своето видео, но може да послужи и фломастер или нешто слично.

- Сè што треба да направите е да го држите маркерот пред себе и да се фокусирате на него. Потоа тргнете ги очите од него, па вратете се. Во основа, го менувате вашиот фокус напред-назад. Во тој момент го активирате окулокардијалниот рефлекс, кој го смирува вашиот вагусен нерв и го регулира дишењето - објаснува Лорин, терапевт од Илиноис.

Оваа техника, теоретски, предизвикува промена на режимот од „симпатички“, (кој е поврзан со реакцијата „бори се или бегај“), кон „парасимпатички“ (или режим на смиреност и разбирање).

„Ова го намалува отчукувањата на срцето и ги релаксира мускулите, слично на она што се случува кога телото „нормално“ одмара“, вели д-р Оер.

Нападите на паника често се мешаат со срцев удар, бидејќи симптомите често се совпаѓаат. Приближно 10 проценти од населението има барем еден паничен напад годишно, а тие почнуваат ненадејно и без никакво предупредување, што ги прави уште поопасни.

Најчести симптоми се забрзано чукање на срцето, неможност за нормално дишење, несвестица... За време на напад на паника, луѓето често се чувствуваат како да се гушат, па дури и да умрат, пренесува Daily Mail.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk