logo
logo
logo

Патувале седум часа, за да добијат неверојатно соопштение од пилотот- патниците занемеле

Vecer | 08.04.2025

Патувале седум часа, за да добијат неверојатно соопштение од пилотот- патниците занемеле

Ова им се случило на патниците кои заминаа за Токио во понеделникот од меѓународниот аеродром ЏФК во Њујорк.

Свртување преку океанот

По седум часа, додека биле над Тихиот Океан, патниците дознале дека е „откриена техничка грешка“ на леталото, па пилотот одлучил да се вратат во САД!

Боингот 787 сврте преку океанот, а потоа патуваше уште пет часа до меѓународниот аеродром во Далас.

Тоа значи дека патниците поминале 12 часа во воздух и се вратиле во татковината. Тоа е нешто помалку од просечниот лет до Токио, пишува Business Insider.

Продолжи еден ден подоцна

Еден од нив подоцна се огласи на социјалните мрежи тврдејќи дека во авионот „немало оброк“, па затоа „јаделе кикирики“ и други закуски.

На сите им било обезбедено хотелско сместување, плус ваучери за оброци, а патувањето продолжило еден ден подоцна со истиот тип на авион.

Авиокомпанијата потврди дека пренасочувањето се должи на „одржување на авионот“ и им се извини на патниците за непријатностите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk