Од друга страна, има натпревари кои носат одредено ниво на ризик и опасност, како што е „најдолгиот бакнеж на светот“.
Во 2013 година, брачен пар од Тајланд постави светски рекорд бакнувајќи се постојано неверојатни 58 часа и 35 минути. Натпреварот бил организиран во познатото одморалиште Патаја.
Таа година дури девет парови го надминаа претходниот Гинисов рекорд од 50 часа и 25 минути. Сепак, победата ја извојуваа Екачаи и Лаксана Тиранарат.
И покрај возбудата, организацијата од Лондон набрзо ја откажа оваа категорија со објаснување дека натпреварот „стана премногу опасен“, пренесува LadBible.
Веројатно не сте запознаени, па ќе ве водиме до правилата што учесниците мораа да ги следат:
* Бакнежот мора да биде континуиран и усните постојано да бидат во контакт. Доколку се разделат, следува дисквалификација.
* Натпреварувачите може да консумираат течност преку сламка, но повторно, усните не смеат да се разделат.
* Натпреварувачите мора да бидат будни во секое време.
* Натпреварувачите мора да стојат цело време и не можат да користат никакви помагала.
* Не се дозволени паузи за одмор.
* Не е дозволено носење пелени или влошки.
* Натпреварувачите можат да го користат тоалетот, но мора постојано да се бакнуваат, што ќе биде надгледувано од судијата.
Официјалните лица објаснија дека учесниците биле изложени на „премногу напор“ и „недостаток на сон“, што предизвикало одредени последици.
Longest kiss? Ekkachai & Laksana Tiranarat (Thailand) kissed for 58 hrs 35 mins and 58 secs, #ValentinesDay 2013 pic.twitter.com/YNWh14pBZh
— Guinness World Records (@GWR) February 14, 2016
Така, рекордерите од 1999 година, Картим Кубера и Дрор Орпаз, едвај останаа свесни по 30 часа и 45 минути бакнување. По победата итно биле префрлени во болница, каде што им била укажана лекарска помош од исцрпеност.
Пет години подоцна, Ендрју Сарти мораше да се лекува со кислород откако непрекинато ја бакнуваше Ана Чен 31 час и 18 минути. Тој страдаше од грчеви во мускулите, па партнерката неколку пати го масирала.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата