logo
logo
logo

Повардарска епархија се подготвува за празникот Богојавение-Водици

Vecer | 15.01.2025

Повардарска епархија се подготвува за празникот Богојавение-Водици

 За овој свет чин,  до денеска се пријавиле педесетина православни граѓани. Пријавувањето се уште трае, секој ден од 8 до 16 часот или на  фејсбук страницата на Епархијата. Кандидатите можат да дојдат и во недела во 9 часот во Повардарска епархија кога медицинска екипа од ЈЗУ Здравствен дом на сите ќе им изврши здравствени прегледи.

Како што информира за МИА,  Никола Цилаков од Повардарската епархија, услов на полнолетните кандидати е да се здрави и способни да влезат во ладните води на реката Вардар, за што треба да потврди и даде одобрение лекарската екипа.

Инаку светиот чин е закажан во 11:30 од Мало Мовче откако претходно ќе се изврши традиционалното  осветувањето на водите на реката Вардар од страна на митрополитот Агатангел.

Инаку чествувањето на празникот ќе започне недела во 8:15 часот во црквата „Св Спас“ кога владиката Агатангел ќе отслужи Света Божествена литургија. Потоа литија составена од свештени лица и граѓани предводени од владиката Агатангел ќе мине на потегот од  црквата „Св. Спас“ до Мало Мовче, каде треба да  пристигне околу 10,30  часот.

Како што информираа од Повардарската епархија, годинашен кум на празникот Богојавление–Водици во Велес е градоначалникот Марко Колев со семејството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk