logo
logo
logo

Повеќе од 80 племиња со барање за кралот Чарлс

Vecer | 11.12.2024

Повеќе од 80 племиња со барање за кралот Чарлс

Племенските претставници побараа помош од кралот за да се осигура дека владата на Нов Зеланд ги почитува ветувањата дадени на Маорите во Договорот од Вајтанги, кој беше потпишан во 1840 година помеѓу повеќе од 500 маорски поглавари и Велика Британија, и кој се смета за основа на модерна држава Нов Зеланд, пишува „Гардијан“.

Откако десничарската коалиција ја презеде власта минатата година, Маорите тврдат дека политиките на владата се во конфликт со нивните права.

Меѓу критиките е и намалувањето на употребата на маорскиот јазик и политика, што, според Маорите, ги загрозува нивните.

Во отвореното писмо, потпишано од повеќе од 500 племенски водачи и претставници на организации, се повикува кралот Чарлс да ја потсети владата на нејзините обврски кон Маорите, велејќи дека политиката на новата влада може сериозно да ги загрози односите со Велика Британија.

Владата на Нов Зеланд инсистира дека е посветена на подобрување на животот на сите граѓани, вклучувајќи ги и Маорите, но Маорите веруваат дека одговорноста за одржувањето на Договорот од Вајтанги е кај кралот Чарлс.

Извор: Б92

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk